
Агенцијата за заштита на конкуренцијата му даде согласност на „Меркатор“ за преземање на огранок од големопродажбата „Ера гуд“, кој остварува годишен приход во износ од 20 милиони евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

Агенцијата за заштита на конкуренцијата му даде согласност на „Меркатор" за преземање на огранок од големопродажбата „Ера гуд", кој остварува годишен приход во износ од 20 милиони евра.
Големопродажбата има потенцијал за пораст бидејќи е помалку консолидирана и е подобро фокусирана на локално ниво, рече член на Управата на „Меркатор" за подрачјето трговија во Словенија и неосновни дејности Игор Марош.
Во 2013 година, „Меркатор" во големопродажбата оствари 13,8% од вкупните приходи. Според објавените извештаи за работењето, за девет месеци во минатата година, во овој сегмент остварен е пораст на продажбата, додека во малопродажбата забележан е пад од 2,8%.
Во малопродажбата во иднина планираме да ги комуницираме нашите предности, а во големопродажбата да го подобриме асортиманот на производи, а препознавме и добри можности за пораст на приходите. Сакаме да го зајакнеме и форматот кеш&кери, кој е важен канал за големопродажбата, каде што ќе вложиме дел од средствата. Колку, засега останува деловна тајна, објасни Марош.
Како што е познато, при преземањето на „Меркатор", компанијата „Агрокор" се обврза дека уште девет години на „Меркатор" ќе му остане правното лице со седиште во Љубљана, со сите свои постоечки деловни функции, а за тоа време ќе ја задржи и трговската марка Mercator.