
Компанијата „Меркатор-ЦГ“ почна со проект „Менаџерв во „Рода“ - вистинска работа“, во чии рамки на младите професионалци им се нуди шанса да научат сè за секторот и своите знаења да ги применат во пракса.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Меркатор-ЦГ" почна со проект „Менаџер во „Рода" - вистинска работа", во чии рамки на младите професионалци им се нуди шанса да научат сè за секторот и своите знаења да ги применат во пракса.
Како што соопштуваат од компанијата, станува збор за едногодишна обука во која избраните кандидати, преку работа и стручни работилници, ќе имаат можност да научат како успешно да управуваат со малопродажни објекти.
На овој начин сакаме да ди поддржиме амбициозните и способните млади менаџери кои по обуката, имаат можност за вработување во нашата компанија. Проектот што го почнавме е иновативен, поинаков и креативен, а тие особености ги очекуваме и од нашите идни колеги, соопштено е од „Меркатор-ЦГ".