
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата ДОО „Меркатор БЛ“ (Бања Лука) во 2013 година го зголеми приходот за 6,8% во однос на претходната година. Вкупниот приход во 2013 година изнесуваше 41,5 милиони евра, со вкупна добивка од речиси 1,3 милиони евра, што е за 9,2% повеќе од претходната година и претставува значаен пораст на профитабилноста.
Компанијата ДОО „Меркатор БЛ" (Бања Лука) во 2013 година го зголеми приходот за 6,8% во однос на претходната година. Вкупниот приход во 2013 година изнесуваше 41,5 милиони евра, со вкупна добивка од речиси 1,3 милиони евра, што е за 9,2% повеќе од претходната година и претставува значаен пораст на профитабилноста.
Успешното и стабилното тргување на компанијата е резултат на интензивните трговски активности, константните напори да се обезбедат најдобри услови за купување, во согласност со навиките и потребите на купувачите. Истовремено, редовното исполнување на обврските кон своите работници, кон државата и кон деловните партнери, негувањето на добрите односи со купувачите веќе години по ред, го вбројува „Меркатор БЛ" меѓу најуспешните компании во Република Српска. Во 2013 година беа отворени две нови работни единици со продажна површина од вкупно 1.380 квадратни метри и беа вработени 39 нови работници.
Оваа година „Меркатор БЛ" обележува пет години од своето успешно работење во Република Српска. Компанијата денес во својот состав има 13 работни единици со 389 работници, а со инвестирање во ширењето на малопродажната мрежа, ќе се создадат услови за обезбедување на нови работни места.