
„Меркатор“ го објави извештајот за првите девет месеци од 2014 година, во кој е видлив падот на продажбата за 3,6% со подобрување на, и понатаму негативниот, нето-резултат.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

„Меркатор" го објави извештајот за првите девет месеци од 2014 година, во кој е видлив падот на продажбата за 3,6% со подобрување на, и понатаму негативниот, нето-резултат.
Во првите девет месеци, групацијата оствари речиси две милијарди евра приходи од продажбата, што е за 3,6% помалку од истиот период минатата година. Пад на продажбата е забележан во речиси сите пазари каде што е присутен „Меркатор", освен во Црна Гора, каде што е забележан пораст на продажбата од 5,3%. Падот на продажбата е резултат на затворањето на некои помалку профитабилни програми, префрлување на малопродажната мрежа во Босна и Херцеговина и во Хрватска на „Конзум", како и трендот на пад на купувачката моќ во Словенија и Хрватска.
Од извештајот може да се види дека 57,1% од вкупната продажба е остварена во Словенија, 20,5% во Србија, 11,4% во Хрватска, 6,8% во Босна и Херцеговина и 4,1% во Црна Гора.
Наспроти падот на трошоците на продадената стока (-3%) и административните трошоци (-27,8%), пад забележаа и ЕБИТДА и тоа за 2,9%, како и ЕБИТДАР за 4,8%. Во исто време маржата ЕБИТДА е задржана на 4%, додека маржата ЕБИТДАР има благ пад од 6,1% на 6,0%.
По заклучувањето на договорот со доверителите, процесот на финансиско реструктурирање на компанијата е завршен така што, според податоците од извештајот, ќе претходи отплатата на долгот, подобрување на ликвидноста и осигурување на поголема стапка на вложување. Нето-долгот на „Меркатор", во споредба со минатата година, е намален од 1,05 милијарди евра на 997 милиони евра.