
Компанијата „Мегле“ во Србија планира да вложи 2,5 милиони евра оваа година за унапредување на производството, а е подготвена финансиски да ги поддржи и српските земјоделци.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Мегле" во Србија планира да вложи 2,5 милиони евра оваа година за унапредување на производството, а е подготвена финансиски да ги поддржи и српските земјоделци.
Плановите за оваа година се амбициозни, но и реални, рече директорот Бранимир Богдан во изјавата за „Танјуг" и нагласи дека во компанијата се горди што продолжуваат да се развиваат. Според него, ветувањата што беа дадени пред три години, кога германската компанија „Мегле" ја презеде крагуевската млекарница „Младост", се остварени.
Откако дојдовме на пазарот на Србија, бележиме константен развој, така што 2013 година ја завршивме со двапати поголемо производство и продажба, во однос на периодот пред купувањето на крагуевската млекарница, истакна Богдан. Тој потсети и дека до денес „Мегле" во Србија вложи речиси 9 милиони евра за зголемување на капацитетот на производството, откуп на суровини, фабрички инсталации, реконструкција на објектот и магацините за готови производи.