
Договор за тригодишна соработка потпишаа компаниите „Мегле“ и „Провен“ со кој се очекува зајакнување на домашната економија и понуда на квалитетни домашни производи пакувани во квалитетни амбалажи.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Договор за тригодишна соработка потпишаа компаниите „Мегле" и „Провен" со кој се очекува зајакнување на домашната економија и понуда на квалитетни домашни производи пакувани во квалитетни амбалажи.
Со потпишувањето на договорот за продолжување на соработката со „Провен" покажуваме дека сме определени за пораст и за јакнење на домашната економија и дека на нашиот пазар со домашни ресурси и кадри може да се произведуваат врвни производи. Нашите купувачи заслужуваат квалитетен производ што се наоѓа во квалитетна амбалажа и што е произведен според највисоките стандарди, истакнуваат од управата на „Мегле".
Токму поради овие причини „Мегле БИХ" продолжува со соработката со „Провен" чиј успех се темели на врвниот квалитет на производите, кратките рокови на испорака, како и брзата реакција на барањата на купувачите за нови артикли.
Препознаени сме како доверлив доставувач на сите млекарници во Босна и Херцеговина, но и како доставувач на најзначајните млекарници во регионот. Склучувањето на договорот за соработка со „Мегле" – БИХ, како една од најголемите производители во земјава, е потврда и признание за нашиот тим, но и мотив за понатамошен развој и унапредување на работењето, истакна Јасмин Теровиќ, директор на компанијата „Провен"