
Баварската млечна индустрија ќе инвестира 6 милиони евра во погон во Бихаќ, пренесува порталот Klix.ba.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Баварската млечна индустрија ќе инвестира 6 милиони евра во погон во Бихаќ, пренесува порталот Klix.ba.
Новата фабрика треба да вработи 30 работници, а инвестицијата ќе биде спроведена низ две фази.
Благодарение на досегашното искуство, на вредните работници и на специјалноста, одлучивме за инвестирање на околу 3 милиони евра во постоечкиот погон на млекарницата „Мегле" и исто толку за изградба на нова фабрика и дистрибутивен центар, изјави Марјан Вучак, директор на компанијата „Мегле" за југоисточна Европа.
Кон средината на септември, началникот на општината Бихаќ Емџад Галијашевиќ на Вучак му ја врачи градежната дозвола за земјиштето каде што ќе биде изградена новата фабрика.
Земјиштето се наоѓа во индустриската зона Рипач и се простира на површина од неколку хектари. Општината Бихаќ го кофинасисраше купувањето на земјиштето за новата фабрика со 90 отсто, односно со износ поголем од 300 илјади евра, во согласност со усвоената одлука на општинското собрание за привилегирање на инвеститорите во производствениот сектор, рече Галијашевиќ.