
Германската млекарница „Мегле“ во претходните две години во крагуевската млекарница вложи 8,5 милиони евра, а оваа година планира проширување на производството, изјави директорот на млекарницата, Бранимир Богдан.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Германската млекарница „Мегле" во претходните две години во крагуевската млекарница вложи 8,5 милиони евра, а оваа година планира проширување на производството, изјави директорот на млекарницата, Бранимир Богдан.
Амбасадорот на Германија во Србија, Хајмц Вилхелм, ги посети производствените погони и изрази задоволство што млекарницата ја реализираше големата инвестиција во Крагуевац, од 2011 година кога ја презеде некогашната млекарница „Младост".
Богдан истакна дека во 2011 година, кога е преземена млекарницата, произведени се 20 милиони литри, минатата година 35 милиони, а планот за 2013 година е преработка на 45 милиони литри млеко.
Од доаѓањето во Србија, „Мегле" на пазарот лансираше вкупно 42 производа, што освен на домашниот се пласираат и на пазарите во Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Тој за оваа година најави вложувања во проширување на погонот за свежо сирење и други нови производи и завршување на изградбата на магацинските капацитети од 1.200 палети, трафостаници и парно постројување.
Компанијата во моментов вработува 112 луѓе, а покрај производството по стандардите HACCP, ISO 9001 и ISO 22000, оваа година во план е сертификација по системот IFC.