
За на најдобар начин да ни го претстави начинот како млекото Zdravo! стигнува до нашите трпези, компанијата „Имлек“ организираше посета за новинарите на производствениот погон на „Млекара Суботица“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
За на најдобар начин да ни го претстави начинот како млекото Zdravo! стигнува до нашите трпези, компанијата „Имлек" организираше посета за новинарите на производствениот погон на „Млекара Суботица".
Претставниците од медиумите се уверија во квалитетното производство на млечните производи, почитување на највисоките стандарди, а имаа можност да ги посетат и машините за преработка на млеко. Како потсетување, оваа млекарница прва доби можност за извоз на европскиот пазар.
„Млекара Суботица" е првата млекарница во Србија што доби дозвола за извоз на европскиот пазар. Особено сме горди на нашиот бренд Zdravo! кој благодарение на врвниот квалитет го пронајде патот до своите потрошувачи. Сировото млеко за овој бренд се собира од познатите предели во Војводина, познати по недопрената природа и најчистите пасишта, истакна Марија Маловиќ, менаџер за односи со јавноста во „Имлек".