
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „МДДИ груп“ во Сараево го отвори најсовремениот дистрибутивен центар за свежо овошје и зеленчук во БиХ. Новоотворениот објект во општината Нови Град се простира на површина од 1300 м² и нуди широк асортиман на овошје и зеленчук од целиот свет.
Компанијата „МДДИ груп" во Сараево го отвори најсовремениот дистрибутивен центар за свежо овошје и зеленчук во БиХ. Новоотворениот објект во општината Нови Град се простира на површина од 1300 м² и нуди широк асортиман на овошје и зеленчук од целиот свет.
Во првата фаза компанијата вработи 15 луѓе, а во план е ширење на капацитетите и отворање на нови работни места во согласност со развојот на работењето.
Дистрибутивниот центар МДДИ поседува современо уреден простор за зреење на банани и компјутеризирана комора за чување на бананите со сета потребна опрема, комора за контролирање на атмосферата за квалитетно зачувување на свежината и одржување на овошјето и зеленчукот, простор за пакување на системот за ладење, канцелариски простор и опрема за компјутеризиран контролен систем.
Основната стратегија на „МДДИ груп" е работа со партнерите и еден од нашите најголеми успеси е остварување на соработка и организирање на широка мрежа на пратнери. Нашата мрежа опфаќа деловни сорабоници во сите поголеми градови во БиХ, но и во целиот регион. Со желба да го олесниме работењето и да придонесеме во подобрување на стопанството во БиХ, одлучивме во Сараево да го отвориме новиот дистрибутивен центар кој ќе биде еден од водечките во регионот. Идејата ни е да го поттикнеме развојот на локалното производство преку откуп од домашните производители на свежо овошје и зеленчук и нивен пласман на пазарите во регионот и во Европската унија, изјави претседателот на „МДДИ груп" Изет Растодер.
Основната дејност на „МДДИ груп" е увоз и извоз на овошје и зеленчук, трговија со овошје и зеленчук, големопродажба, малопродажба и дистрибуција на свежо овошје и зеленчук. Воедно, „МДДИ груп" е застапник на водечкиот бренд на банани Derby.