
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Конзорциумот на правните лица „Златица“ од Лазарево, „Безден“ од Безден и „Равница“ од Бајмок, кон крајот на декември, го купи стопанското друштво „Пешчара“ од Банатски Карловац. „Пешчара“ е продадена на јавно наддавање, како правно лице, по цена од 170.990.487 динари.
Конзорциумот на правните лица „Златица" од Лазарево, „Безден" од Безден и „Равница" од Бајмок, кон крајот на декември, го купи стопанското друштво „Пешчара" од Банатски Карловац. „Пешчара" е продадена на јавно наддавање, како правно лице, по цена од 170.990.487 динари.
Овој конзорциум на правни лица според производствените резултати и според технологијата претставува лидер во областа на аграрот, а работи во составот на „Матијевиќ" од Нови Сад.
„Пешчара" располага со земјоделско земјиште од околу 14 хектари 72 ари и 87 квадратни метри, како и градежни објекти кои опфаќаат фарми за свињи, говеда како и друг вид земјоделски објекти.
Со оглед на состојбата на фармите кои не ги задоволуваат условите за одгледување на стока, се планира реконструкција и изградба на нови објекти во согласност на важечките легислативи, а почнувањето на работа е планирано за 1 мај оваа година, со што се отвора можност за нови вработувања.