
Сопственикот на индустријата за месо „Матијевиќ“, Петар Матијевиќ, потврди дека тој и сопственикот на „МК груп“, Миодраг Костиќ, се откажуваат од купувањето на ПКБ.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Сопственикот на индустријата за месо „Матијевиќ", Петар Матијевиќ, потврди дека тој и сопственикот на „МК груп", Миодраг Костиќ, се откажуваат од купувањето на ПКБ.

Причината за откажувањето е затоа што тој и Костиќ сметаат дека не се доволно силни и дека не можат да се натпреваруваат со странските компании заинтересирани за „Пољопривредната корпорација Београда" – ПКБ.
За ПКБ интерес пројавиле компании од Обединети Арапски Емирати - „Ал дахра" и од Кина - „Хен Чанг груп", светски гиганти чии промет може да се измери со милијарди долари.
Не е реално да победиме во трка со толку големи системи, но ако се откажат овие две компании, Костиќ и јас би сакале да го преземеме ПКБ, објасни Матијевиќ, додавајќи дека оваа српска компанија е единствената што е во непосредна близина на Белград и една од ретките што преостана во Србија и што навистина вреди.
Компаниите „МК груп" и „Матијевиќ" во април 2015 година соопштија дека имаат намера да го здружат капиталот, знаењата и искуствата па формирајќи конзорциум, беа заинтересирани за купување на ПКБ.
Агенцијата за приватизација на Србија, на 31 декември објави јавен повик за продажба на имотот на ПКБ, а почетната цена беше 51 отсто од постојаниот имот во вредност од 154 милиони евра.
Според претходно објавените податоци, ПКБ е сопственик на 1.400 хектари градежно земјиште и 5.200 хектари земјоделско земјиште. Во зависност од подружниците, во ПКБ се вработени околу 2.000 луѓе.