
Компанијата „Мастеркард“ ги претстави резултатите од пилот-проектот за користење на биометриски картички во соработка со „Уникредит булбанка“ во Бугарија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Мастеркард" ги претстави резултатите од пилот-проектот за користење на биометриски картички во соработка со „Уникредит булбанка" во Бугарија.
Како што беше соопштено, новото решение ја комбинира чип-технологијата со автентификација со отпечаток од прст, за практично и сигурно да се потврди идентитетот на корисникот на картичката при купување во продавници.
Откако ова решение имаше своја премиера во Јужноафриканската Република, Бугарија е првиот европски пазар што ја тестираше напредната технологија.
За корисниците, сигурноста е на прво место, а биометриската технологија за автентификација, без сомнеж, обезбедува високо ниво на сигурност. Нашите истражувања покажаа дека Бугарите имаат доверба во придобивките што ги носи оваа инвентивна технологија и се подготвени за нејзиното воведување, изјави Артур Туремка, генерален директор за Балканот во „Мастеркард".