
„Домашна трговина“ отвори два нови маркета „Арома“ во Подгорица, и тоа на ул. „Далматинска“ бр. 3 и на ул. „Иван Вујошевиќ“ бб.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Домашна трговина" отвори два нови маркета „Арома" во Подгорица, и тоа на ул. „Далматинска" бр. 3 и на ул. „Иван Вујошевиќ" бб.
Директорот за маркетинг во „Домашна трговина" Јелена Шањевиќ, соопшти дека маркетите „Арома" пред сè сакаат да ги потсетат своите граѓани на концептот маалска продавница во чии рамки внимателно се негува поврзаноста со соседите што на ваквите места секојдневно се негува.
Како што нагласува Шањевиќ, маркетите „Арома" планираат понатамошно ширење на синџирот и отворање на нови продавници во државата.
Како што истакнаа од „Домашна трговина" на отворањето на двата маркета посетителите имаа можност да купуваат од разновидниот асортиман што го нудат маркетите „Арома" каде што може да се најдат свеж зеленчук и овошје, сувомесни и млечни производи, колачи и др.