
Еден од водечките трговски синџири во Србија, „Меркатор-С“, оствари вкупен приход од 562,3 милиони евра во 2013 година, што претставува пораст од 3,1% во однос на претходната година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Еден од водечките трговски синџири во Србија, „Меркатор-С", оствари вкупен приход од 562,3 милиони евра во 2013 година, што претставува пораст од 3,1% во однос на претходната година.
Компанијата со 4.754 вработени забележа значаен пораст на профитот, како резултат на оптимизацијата на трошоците и подобрувањето на клучните параметри при тргувањето. Бруто паричниот тек од 26,9 милиони евра се зголеми за 1,8% во однос на 2012 година, а стапката на нето-добивката изнесува 0,9%.
Во согласност со стратегијата за развој, во текот на 2013 година беа отворени 10 нови трговски единици, со вкупна површина од 9.909 квадратни метри, со што беа обезбедени нови 209 работни места. Вредноста на инвестициите за 2013 година изнесуваше 8,19 милиони евра.
И оваа година големо внимание беше посветено на унапредувањето на „Рода", име што е препознатливо на овие простори веќе 20 години. Позитивните реакции на потрошувачите потрвдија дека „Рода" со конкурентните цени, квалитетот и широкиот асортиман, успешно ги задоволува потребите и постојано ја оправдува довербата на потрошувачите, се наведува во соопштението на „Меркатор-С".