
Прехранбената компанија „Клас“-Сараево, реализираше извоз од 20 тони малини кои ќе се најдат на празарот во Јапонија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

Прехранбената компанија „Клас" - Сараево, реализираше извоз од 20 тони малини кои ќе се најдат на празарот во Јапонија.
При конечниот избор на малини особено внимание се посветува на квалитетот, како и на контролата на пестициди. Во двата случаја малините на „Клас" се покажаа како најдобри. Извозот за Јапонија се оствари во соработка со компанијата „Кропс", изјавуваат од „Клас".
Минатата година „Клас" откупи 665 тони малини и останато шумско овошје од домашните производителите, успешно отпочнувајќи го бизнисот со откуп на овошје. Сите количини се наменети за извоз. Малините на „Клас" ги исполнија високите стадарди за квалитет на пазарите што бараат многу. Таков пример е турскиот пазар, каде што се извезени 50 тони малини и 10 тони шумски боровници, а исполнети се и стандардите за квалитет на еден од најпознатите светски прехранбени брендови, францускиот „Данон", потсетуваат од компанијата.