
„Максима“ – Бугарија, подружницата на литванската „Максима група“, соопшти дека ги презеде 12-те објекти „Пени“, кои функционираа во рамките на германската групација „Реве“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Максима" – Бугарија, подружницата на литванската „Максима група", соопшти дека ги презеде 12-те објекти „Пени", кои функционираа во рамките на германската групација „Реве".
Во следните неколку месеци, објектите ќе станат дел од синџирот „Т маркет", со што вкупниот број на продавници со кои „Максима" функционира на бугарскиот пазар ќе достигне 60. Вредноста на аквизицијата и реконструкцијата се проценува на 7,6 милиони евра, а новите ребрендирани објекти ќе овозможат нови 200 работни места.
Малопродажниот пазар во Бугарија е многу конкурентен. Сведоци сме дека дури и некои од меѓународните синџири се борат за опстанок или се повлекуваат, а истовремено, популарноста на „Т маркет" се зголемува, изјави Алвидас Шустикас, извршен директор на „Максима група".
Минатата година, „Максима" – Бугарија прослави десет години од работењето во земјата и забележа пораст на приходите за 10,4 отсто, на 72,4 милиони евра.