
Жељко Сертиќ, претседателот на Стопанската комора на Србија, во Краснодар разговараше со менаџментот на најголемиот руски трговски малопродажен синџир „Тандер Магнит“ за можностите за пласман на производи од Србија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

Жељко Сертиќ, претседателот на Стопанската комора на Србија, во Краснодар разговараше со менаџментот на најголемиот руски трговски малопродажен синџир „Тандер Магнит" за можностите за пласман на производи од Србија.
Како што е соопштено од Стопанската комора, Сертиќ ги предаде списоците на српски извозници што имаат потенцијал да пласираат прехранбени производи директно во „Тандер Магнит" и така делумно да одговорат на зголемените руски барања за увоз на храна, по воведување на ембаргото на ЕУ.
Стопанската комора на Србија нуди полна поддршка за квалитетен настап и пласман на српските производи во Руската федерација. Сите евентуални проблеми ќе бидат регистрирани и решавани, за српските претпријатија на најдобар начин да можат да ја искористат шансата што ја нуди големиот руски пазар. Во Комората почна да работи и Координативниот центар за поддршка на извозници во Русија, рече Сертиќ.
Марина Ивановна, комерцијален директор на „Тандер Магнит" им се заблагодари на информациите за српските производители на прехранбени производи, потенцијалните партнери на тој трговски синџир и порача: Очекуваме нов квалитет на соработка и зголемување на пласманот на српски производи во оваа година.
Претставниците на „Магнит" потсетија дека тој руски синџир во текот на сезоната 2013/2014 од Србија увезе 200.000 тони овошје и зеленчук вредни околу 87 милиони евра, а во минатиот период е зголемен и увозот на непрехранбени производи.
Како што е договорено на состанокот, менаџментот на „Тандер Магнит" на Комората ќе ѝ достави список со категории на производи што можат да се најдат на рафтовите на овој најголем руски трговец. На состанокот се зборуваше и за можноста за воведување на поедноставни процедури, намалување на транспортните трошоци и забрзување на превозот на стока преку Дунав, се наведува во соопштените на Стопанската комора.
„Тандер Магнит" има 8.500 продажни објекти во сите европски делови на Русија меѓу кои и 170 хипермаркети. Компанијата вработува 220.000 работници, а располага со повеќе од 5.000 камиони за транспорт на стока.