
„Мади“ ја отвори долго најавуваната кланица, која е плод на повеќегодишниот труд, вложувања и системско работење.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Мади" ја отвори долго најавуваната кланица, која е плод на повеќегодишниот труд, вложувања и системско работење.
Капацитетот на кланицата изнесува 6.000 бројлери за еден час, така што оваа кланица може да произведе 24 милиони бројлери на годишно ниво, што ја прави најголемата кланица на Балканот.
Освен капацитетот, станува збор за најмодерна опрема од овој тип каде што постојаните процеси на производство се доведени до совршенство и како такви нудат многу подобар квалитет во завршната обработка, изјави Маид Јабанџиќ комерцијален директор во „Мади".
Вкупната вредност на инвестицијата изнесува околу 10,2 милиони евра.
Треба да се напомене дека компанијата поседува 110 возила и тие се наша сигурност дека производите ќе бидат соодветно доставени до нашите консументи. Петнаесетте ветеринари и петте технолози, како и имплементираните стандарди се гаранција за врвните производи што ги пласираме на домашниот и странските пазари каде што извезуваме, додаде Јабанџиќ.
Засега „Мади" го надмина бројот од 350 вработени со што оваа компанија тежнее кон создавање и отворање на нови работни места на месечно ниво.