
Компанијата „Мади“ од Тешањ соопшти дека успеа да се позиционира на врвот во производството на свежо и смрзнато пилешко во БиХ и дека ја оствари целта, која е резултат на повеќегодишните подготовки на пазарот и на производството.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Мади" од Тешањ соопшти дека успеа да се позиционира на врвот во производството на свежо и смрзнато пилешко во БиХ и дека ја оствари целта, која е резултат на повеќегодишните подготовки на пазарот и на производството.
Кон крајот на јуни годинава, „Мади" ја пушти во погон најголемата кланица за преработка на пилешко месо во БиХ и тогаш од компанијата изјавија дека сакаат да ја достигнат лидерската позиција во производството на свежи и смрзнати пилиња. Со произведените 6,1 милиони бројлери во првата половина од годината, од „Мади" истакнуваат дека ја достигнале и ја оствариле зацртаната цел.
Во постојаното проширување на нашиот производствен асортиман, им дојде редот и на конзервираните производи. Со гордост најавуваме дека од септември во асортиманот ќе бидат влкучени нови шест артикли, од категориите кокошкина паштета и пилешки нарезок. Со тоа ќе ја заокружиме производната програма и ќе ја достигнеме бројката од 80 производи, која беше нашата крајна цел, изјавија од „Мади".