
По многубројните проблеми пред неколку години, кои беа проследени со штрајк на работниците, стечај и продажба на погонот, хемиската индустрија „Луксол“ повторно почна со производство.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По многубројните проблеми пред неколку години, кои беа проследени со штрајк на работниците, стечај и продажба на погонот, хемиската индустрија „Луксол" повторно почна со производство.
Во погонот, на некогаш познатата компанија, повторно почна производството на шампони, балзами, бои и гелови за коса Helenton, шампоните Antiperutin, сапуните Luxol и други производи.
Производството е обновено откако, по неколку безуспешни обиди за продажба, фабриката ја купи Драган Раца, сопственик на компанијата „Раца".
За порталот „Зрењански", Раца го потврди купувањето на фабриката, но не открива повеќе информации за обновувањето на производството, бројот на вработени, ниту за идните планови на фабриката.