
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Слаѓана Бурсаќ, Жељка Фикет, Ана Јурињак Тушек и Хелена Биланџија свечено се претставени како стипендистки на програмата „За жените во науката“ за 2013 година и се наградени со парична награда во вредност од 4.000 евра. „Лореал Адриа“ и УНЕСКО во изминатите седум години имаат наградено дури 26 успешни млади научнички.
Слаѓана Бурсаќ, Жељка Фикет, Ана Јурињак Тушек и Хелена Биланџија свечено се претставени како стипендистки на програмата „За жените во науката" за 2013 година и се наградени со парична награда во вредност од 4.000 евра. „Лореал Адриа" и УНЕСКО во изминатите седум години имаат наградено дури 26 успешни млади научнички.
Младите научнички покрај стипендијата добија и признание за придонес во развојот на науката во Хрватска, но и поттик за дополнителна работа, првенствено на нивните докторски десертации, а потоа на разни истражувања во институциите во Хрватска и во странство.
Овогодишните стипендистки не го криеја воодушевувањето што станаа дел од светската програма „За жени во науката" што на глобално ниво во четиринаесетте години од своето постоење има наградено над 1.300 научнички.