
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Шпар“ Словенија продолжува со ширење на својата трговска мрежа, така што во Љубљана е отворена 90-та продавница „Шпар“. На свеченото отворање освен претставниците на претпријатието „Шпар“ Словенија, присуствуваше и градоначалникот Зоран Јанковиќ.
„Шпар" Словенија продолжува со ширење на својата трговска мрежа, така што во Љубљана е отворена 90-та продавница „Шпар". На свеченото отворање освен претставниците на претпријатието „Шпар" Словенија, присуствуваше и градоначалникот Зоран Јанковиќ.
Во изградбата на новиот хипермаркет „Шпар" инвестирани се 5,12 милиони евра. Продавницата се простира на 1.759 квадратни метри, а за услугата се грижат 29 вработени. Новата продавница ја дополнуваат и помалите угостителски локали, со површина од 80 квадратни метри, а обезбедени се и 90 паркинг места. Новиот хипермаркет нуди широк избор на прехранбени производи, а посебен акцент е ставен на свежата програма, деликатесите, свежото месо, месните производи и риба, како и посебните одделенија за леб и печива.
Посебен дел на продавницата претставува одделението „За носење" каде што се наоѓаат готови јадења. Потрошувачите ги очекуваат и четири „брзи" каси каде што купувачите сами ја извршуваат набавката. Според зборовите на директорот на компанијата Игор Мервич, целта на компанијата е отворање на 100 продавници во Словенија.