
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Веќе втора година по ред малите и големите љубители на сладолед, благодарение на проектот „Ледонардо“ имаат можност да го креираат својот омилен сладолед и да учествуваат во натпреварот на „Ледо“, а најкреативниот ќе ја освои титулата сладоледен генијалец, односно изумител на нов сладолед Ledo и ќе отпатува во Париз.
Веќе втора година по ред малите и големите љубители на сладолед, благодарение на проектот „Ледонардо" имаат можност да го креираат својот омилен сладолед и да учествуваат во натпреварот на „Ледо", а најкреативниот ќе ја освои титулата сладоледен генијалец, односно изумител на нов сладолед Ledo и ќе отпатува во Париз.
И оваа година интересот на потрошувачите беше голем - тие исклесаа дури 70.000 скулптури. Од многубројните сладоледи избрани се осум финалисти што ќе се натпреваруваат за титулата нов сладоледен генијалец.
Конечниот победник на натпреварот „Ледонардо" ќе го одберат финалистите и стручното жири на „Ледо", а уште напролет во новиот сладолед ќе можат да уживаат сите потрошувачи.