
По повод големата годишнина од 120 години, „Сапонија“ од Осиек гордо ги претстави своите шест брендови, во посебна јубилејна амбалажа. Линиите: Faks helizim, Ornel, Nila, Likvi, Arf и Kalodont се споени со едно име „120 години“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По повод големата годишнина од 120 години, „Сапонија" од Осиек гордо ги претстави своите шест брендови, во посебна јубилејна амбалажа. Линиите: Faks helizim, Ornel, Nila, Likvi, Arf и Kalodont се споени со едно име „120 години".
„Сапонија" од Осијек оваа година обележа 120 години постоење. Компанијата се разви во современа фабрика што пласира силни брендови на домашните и на регионалните пазари и во потполност ги исполнува очекувањата на потрошувачите. По повод оваа голема и важна годишнина, „волшебниците за чистота" осмислија сина, јубилејна линија производи, со извонреден квалитет и дизајн, под зеадничко име „120 години".
Линијата ги поврзува шесте главни брендови на „Сапонија", со едноставна и сугестивна порака дека веќе 120 години врвната чистота претставува вистински квалитет.