
Во текот на првата половина од годинава, на бул. „Војвода Степе“, во Нови Сад, ќе почне изградбата на „Лидл“. Kупеното земјиште е на површина од 11.142 квадратни метри.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во текот на првата половина од годинава, на бул. „Војвода Степе", во Нови Сад, ќе почне изградбата на „Лидл". Kупеното земјиште е на површина од 11.142 квадратни метри.
Земјиштето е купено за 1,6 милиони евра, а изградениот објект ќе биде на површина од 2.000 квадратни метри, со 100 паркинг-места.
Од компанијата известија дека објектот ќе биде изграден идентично како оној во Смедерево, чие отворање се очекува кон крајот на месецов. Објектот во Смедерево ќе биде првиот, од најавените 20 што ќе се отворат во Србија.
Засега, не се објавени деталите за вредноста на инвестицијата во Нови Сад и за бројот на вработени.