
„Лидл“ ги откри плановите за влез во централните зони на грчките градови.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Лидл" ги откри плановите за влез во централните зони на грчките градови.

Објавата на дисконтерот, кој е во сопственост на групацијата „Шварц", следува по отворањето на првиот објект од тој тип во центарот на Атина, пренесува грчкиот магазин „Селф сервис". Продавницата се простира на 1.348 квадратни метри, на две нивоа, што според написите на магазинот, е единствената двокатна локација на „Лидл" во Европа. Покрај објектот има и паркиралиште со 84 места.
Урбаните продавници нема да бидат многу помали од конвенционалните објекти, односно ќе се простираат на површина од 900 до 1.000 квадратни метри и ќе располагаат со паркинг-места. Во понудата ќе биде вклучен асортиман од околу 1.700 артикли.
За 2018 година, германскиот трговец планира инвестиции во износ од 85 до 100 милиони евра за грчкиот пазар. Се смета дека таа сума ќе биде искористена за нови отворања и за реновирање на постојните објекти, како и за вложување во дистрибутивната мрежа. За годинава се очекува изградба на ново складиште, а во план е и проширување на грчкото и на кипарското складиште, пренесуваат грчките медиуми.
Извор и фото: „ЛЗ ретеилитикс", www.retailytics.com