
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во маркетите на „Лидл“ во Словенија, во периодот од 24 септември до 29 октомври се спроведува акција за собирање храна за животните на улица. „Лидл“ ја организаира акцијата веќе петта година по ред, во соработка со интернет порталот „Кучето, мој пријател“.
Во маркетите на „Лидл" во Словенија, во периодот од 24 септември до 29 октомври се спроведува акција за собирање храна за животните на улица.
„Лидл" ја организаира акцијата веќе петта година по ред, во соработка со интернет порталот „Кучето, мој пријател".
Собраната храна ќе биде подарена на локални здруженија и организации кои се грижат за благосостојбата на уличните животни.
Ги повикуваме нашите купувачи да ни се приклучат во создавање подобар свет за животните кои немаат живеалиште и храна. Купувачите можат да помогнат така што ќе остават храна во корпите покрај касите, на излез од нашите маркети, соопштија од „Лидл".