
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Претходната година е обележана со повторното покачување на платите на вработените за повеќе од 4 отсто, со почетокот на програмата „Развој на потенцијалите за сите раководители во објектите“, но и со позиционирањето на врвот на најпосакуваните работодавачи, истакнуваат од компанијата.
Претходната година е обележана со повторното покачување на платите на вработените за повеќе од 4 отсто, со почетокот на програмата „Развој на потенцијалите за сите раководители во објектите", но и со позиционирањето на врвот на најпосакуваните работодавачи, истакнуваат од компанијата.
.jpg>)Планираните инвестиции за 2015 година изнесуваа околу 32,7 милиони евра
„Лидл"-Хрватска го обележа завршувањето на 2014 година со вестите за остварениот извоз на домашни производи на странските пазари во износ од над 5,23 милиони евра. Продажната мрежа достигна 86 објекти, а почна и проектот за развој на потенцијалите – посебна програма за индивидуално и професионално усовршување на раководителите во објектите на „Лидл".
Во компанијата истакнуваат дека оваа година за првпат го издадоа Здравствениот билтен чија цел е едукација и советување на вработените во „Лидл" за здравиот начин на живот и правилна исхрана, а обезбеден е и бесплатен систематски преглед.
Од влегувањето на пазарот во 2006 година, кога во еден ден беа отворени 13 објекти, во период од девет години „Лидл" успеа да отвори вкупно 86 објекти во Хрватска и да вработи повеќе од 1.700 вработени.