
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По повеќемесечни подготовки и успешно извршени алтернативни процедури, германската трговска компанија, во Стара Пазова потпиша Договор за купување на општинско градежно земјиште, со што се насетува почетокот на изградбата на главниот дистрибутивен центар „Лидл“ во најактрактивната индустриска зона во Стара Пазова, во близина на автопатот Е75.
По повеќемесечни подготовки и успешно извршени алтернативни процедури, германската трговска компанија, во Стара Пазова потпиша Договор за купување на општинско градежно земјиште, со што се насетува почетокот на изградбата на главниот дистрибутивен центар „Лидл" во најактрактивната индустриска зона во Стара Пазова, во близина на автопатот Е75.
Со договорот е утврдено купување на парцела на површина од окoлу 20 хектари, а објектот, по изградбата на клучката на автопатот Е75, ќе добие можност да се поврзе и со автопатот Е70.
Договорот, во присуство на Ѓорге Радиновиќ, првиот човек на Општината Стара Пазова и неговиот тим, свечено го потпишаа и Драган Чигоја, застапник на компанијата „Лидл" и Недељко Ковачевиќ, директор за изградба во Општината Стара Пазова. Со договорот е потврдено дека парцелата преминува во сопственост на „Лидл" за цена од 157.948.000 динари. Пред склучувањето на договорот претходеше јавно наддавање што беше отворено на 15 август оваа година.
Раководството на „Лидл" посебно го истакна задоволството во поглед на соработката со раководството на Општината и изрази благодарност за досегашните активности со надеж дека таквата соработка ќе продолжи и во иднина.
Доаѓањето на успешните европски компании и одлуката да инвестираат во нашата општина е големо признание за нас како локална самоуправа и доказ за трудот што долгорочно го вложуваме во создавањето на поволно работно опкружување. Големите имиња како европскиот гигант „Лидл", ја засилуваат репутацијата на општината и ние им благодариме на довербата што ни ја укажаа и подготвени сме, како до сега, да им бидеме на располагање за сите активности што следат по потпишувањето на договорот, нагласи Радиновиќ.