
„Лидл“ – Хрватска на бугарскиот пазар пласираше неколку најпознати хрватски производи по повод фудбалскиот натпревар Бугарија – Хрватска, што се одигра на 10 октомври во Софија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Лидл" – Хрватска на бугарскиот пазар пласираше неколку најпознати хрватски производи по повод фудбалскиот натпревар Бугарија – Хрватска, што се одигра на 10 октомври во Софија.
Во рамките на посебната понуда „Кулинарски дерби во Лидл", на полиците на бугарските продавници на „Лидл" се најдоа традиционалните штрукли со сирење, далматинската пршута и печеница од трговската марка Ukusi zavičaja, славонски колбас Pikok, вината од линијата Winemakers of Croatia и многу други традиционални специјалитети. На овој начин трговскиот синџир ќе ја претстави хрватската гастрономија на бугарските потрошувачи.
Минатата година „Лидл" организираше хрватска седмица во продавниците во Унгарија, кога на тамошните потрошувачи им ја претстави храватската кујна, а планира и во иднина да ја продолжи практиката низ европските земји каде што функционира.