
За следната година трговскиот синџир „Лидл“ - Хрватска планира инвестиција вредна 40 милиони евра, во споредба со минатата година кога е инвестирано 35 милиони евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
За следната година трговскиот синџир „Лидл" - Хрватска планира инвестиција вредна 40 милиони евра, во споредба со минатата година кога е инвестирано 35 милиони евра.
Оваа година ќе биде подобра за „Лидл", изјави Борис Лукшиќ, претседател на управата на „Лидл" на прес-конференцијата, но не сакаше да зборува за конкретни показатели од работењето. Тој нагласи дека „Лидл" позитивно се развива во сите нивоа на работењето, а прометот се зголемува од година во година.
„Лидл" планира да продолжи со отворање на нови продавници, а најавено е дека до крајот на овој месец ќе бидат отворени уште две, со што вкупната бројка на „Лидл" во Хрватска ќе достигне 88 продавници.
На прес-конференцијата од „Лидл" го претставија и новиот претседател на управата за Хрватска – Борис Лозиќ, кој од 4 декември ја презема оваа функција. Тој доаѓа од позицијата член на управата за продажба во „Лидл" – Швајцарија. Досегашниот претседател на управата Борис Лукшиќ, заминува на местото член на управата во „Кауфленд", што работи во рамките на „Шварц груп".