
Германскиот трговски синџир „Лидл“ планира да отвори 20 продажни објекти во Србија, во текот на оваа и на следната година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Германскиот трговски синџир „Лидл" планира да отвори 20 продажни објекти во Србија, во текот на оваа и на следната година, најавија претставници на компанијата на средбата со српскиот премиер Александар Вучиќ.
Претставниците на „Лидл" нагласија дека првиот малопродажен објект во Србија веќе е изграден во Смедерево и дека до мај 2017 година, ќе биде завршен и дистрибутивниот центар во Нова Пазова. Во план е истовремено да бидат отворени сите малопродажни објекти на германската компанија, која во Србија ќе вработува околу 1.000 луѓе.
Долгорочниот план на „Лидл" е во Србија да отвори сто малопродажни објекти, истакна Драган Чигоја, директор на „Лидл" за Србија.
Премиерот Вучиќ им се заблагодари на претставниците на компанијата за укажаната доверба и за желбата за изградба на објекти во Србија и ангажирање на домашни доставувачи.