
„Лидл“ купи земјиште во белградската општина Вождовац, каде што во периодот што доаѓа ќе биде изграден еден од објектите на светски познатиот синџир, потврдено е од компанијата.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Лидл" купи земјиште во белградската општина Вождовац, каде што во периодот што доаѓа ќе биде изграден еден од објектите на светски познатиот синџир, потврдено е од компанијата.
Меѓутоа, сè уште не се знае кога ќе почне изградбата на објектот на ул. „Сава Машковиќ".
Можеме да го потврдиме купувањето на наведените локации во Белград, но датумите за почетокот на градењето и отворањето на идните продавници, во моментов не можеме да ги прецизираме. Како што е познато, политиката на „Лидл" за работењето во Европа е купување на повеќе земјишта и отворање на повеќе објекти. Таквиот начин на работа го применуваме и во Србија, изјавија од „Лидл".
Гласините за доаѓањето на „Лидл" во Србија траат со години, но досега не беше потврдено колку објекти треба да се отворат и на кои локации.