
„Лидл“, еден од водечките трговски синџири во Хрватска, ја отвори втората продавница во Славонски Брод, со што продажната мрежа на трговецот сега брои 93 продавници во Хрватска.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Лидл", еден од водечките трговски синџири во Хрватска, ја отвори втората продавница во Славонски Брод, со што продажната мрежа на трговецот сега брои 93 продавници во Хрватска.
Новиот „Лидл" е направен според новиот концепт за изградба и дизајн, кој подразбира поголем продажен простор, пространи паркинг-места (вкупно 132), поголема енергетска ефикасност, поголема пекарница и атрактивен изглед.
Како и во другите продавници, на своите купувачи ќе им понуди асортиман на најквалитетни и најсвежи производи со најдобaр сооднос меѓу цената и квалитетот.
Новиот концепт на изградба и дизајн е воведен за да обезбеди попријатно пазарење за купувачите, па така со поголемата продажна површина, простории приспособени за преслекување на бебињата и пространи паркинг-места ќе го олеснат движењето, особено на мајките со деца и на лицата со инвалидитет.