
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Минатата година „Лидл“ оствари извоз на хрватски производи во вредност од 5,7 милиони евра во земјите од странство каде што работи. Во 2013 година извозот изнесуваше 2,5 милиони евра, така што станува збор за зголемување на извозот за 100 отсто.
Минатата година „Лидл" оствари извоз на хрватски производи во вредност од 5,7 милиони евра во земјите од странство каде што работи. Во 2013 година извозот изнесуваше 2,5 милиони евра, така што станува збор за зголемување на извозот за 100 отсто.
На овој начин „Лидл" овозможува влез на своите доставувачи и на хрватските производи во продавниците на „Лидл" во оние европски земји каде што работи.
Доставувавчите на „Лидл" кои остварија најголем извоз се ППК „Карловачка месна индустрија", „Гавриловиќ", „Осатина група" и „Алба М.С".
Во моментов, преку мрежата на „Лидл" хрватските производи се извезуваат во Словенија, Унгарија, Бугарија, Чешка, а во план се и Шпанија и Протулагија.
Дел од хрватските производи се пласираат на странските пазари во форма на т.н „недели на хрватските производи" – настани преку кои купувачите во европските земји дознаваат нешто повеќе за овие автотохни производи. Исто така, дел од нив се продаваат како приватни марки на „Лидл", а дел од нив се веќе докажани хрватски брендови.
И понатаму, на сите можни начини силно ќе ја поттикнуваме и поддржуваме соработката со производителите од Хрватска, а во 2015 година очекуваме дека значително ќе го зголемиме извозот на хрватските производи и на нашите доставувачи ќе им ги отвориме вратите во многу повеќе земји каде што ние работиме, истакнуваат од „Лидл".