
Десет најголеми домашни трговци во Хрватска, без „Конзум“, минатата година оствариле околу 3 милијарди евра, што е за 230 милиони евра повеќе од минатата година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Десет најголеми домашни трговци во Хрватска, без „Конзум", минатата година оствариле околу 3 милијарди евра, што е за 230 милиони евра повеќе од минатата година.
Нивната вкупна добивка порасна за повеќе од 28 милиони евра, на 90 милони евра.
„Лидл" ја одбележа 2016 година со тоа што го престаса „Плодине" и стана вториот најголем трговски синџир во Хрватска. Минатата година ја зацврстија предноста и сега разликата со третопласираниот „Плодине" е за околу 28 милиони евра. Вкупниот приход на „Лидл" минатата година изнесуваше околу 620 милиони евра, што е пораст од 16%. Во 2017 година, трговецот оствари добивка од околу 47 милиони евра, што е речиси половина од вкупната заработка на другите девет најголеми конкуренти во Хрватска. Тоа, пак, сугерира дека „Лидл" го има идеалниот деловен модел за работење во оваа земја.
Добра позиција има и „Плодине", трговскиот синџир во сопствеништво на Миле Ќурковиќ. Минатата година работеле со промет од речиси 600 милиони евра и забележале пораст од 10%, додека добивката се зголемила за речиси 70%, на околу 18 милиони евра.