
Во првата половина од оваа година трговскиот синџир „Лидл“ извезе хрватски производи во вредност од речиси 3,4 милиони евра, што е за околу 70 отсто повеќе од истиот период минатата година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во првата половина од оваа година трговскиот синџир „Лидл" извезе хрватски производи во вредност од речиси 3,4 милиони евра, што е за околу 70 отсто повеќе од истиот период минатата година.
Како што истакнуваат од компанијата, за таквиот пораст заслужен е квалитетот на производите кои освојуваат сè поголем број нови потрошувачи, како и одличната соработка со доставувавчите. Со пробивот на асортиманот на „Лидл" се отвораат вратите на доставувачите на хрватски производи кои го наоѓаат своето место во продавниците на „Лидл" во цела Европа, објаснуваат од компанијата.
Во 2014 година „Лидл" извезе хрватски производи во вредност од 5,7 милиони евра. Најмногу се извезени производи на компаниите ППК и „Пивац".
Во првата половина од оваа година, најголем пораст во извозот на производи остварија компаниите „Водопласт", ППК и „Атлантик". Оваа година „Лидл" успешно извезе производи на компании кои минатата година не беа дел од оваа програма, па така компаниите „Дукат", „Мегле" – Хрватска, „Кандит" и „Зденка" забележаа голем успех при пласманот на своите производи преку мрежата на „Лидл".
Овој трговски синџир хрватските производи најмногу ги извезува во Словенија, Бугарија, Унгарија и Чешка. Во план е извоз во Шпанија и Португалија, како и во други европски држави.
Дел од хрватските производи „Лидл" ги извезува како приватни трговски марки на оваа компанија, а дел од производите се продаваат како хрватски брендови.