
„Лидл“ го отвори првиот супермаркет во бугарската престолнина Софија, каде е применет новиот концепт. Воедно, ова е 81. објект на овој синџир во земјава.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Лидл" го отвори првиот супермаркет во бугарската престолнина Софија, каде е применет новиот концепт. Воедно, ова е 81. објект на овој синџир во земјава.

Главната одлика на објектот е променетиот дизајн, повеќе простор за потрошувачите и вработените, зголемена енергетска ефикасност на објектот и примена на еколошки материјали и технологија.
Супермаркетот, што се простира на површина од 1.100 квадратни метри, е и првата „паметна" зграда во трговскиот сектор во Бугарија, што го поседува сертификатот БРЕЕАМ – потврда за одржлив метод за изградба и инфраструктура, со фокус на енергетската ефикасност.
„Лидл" планира да отвори уште две продавници од овој формат до крајот на годината и тоа, уште една во Софија и една во Благоевград.