
Трговскиот синџир „Лидл“ му одобри кредит од 2,5 милиони евра на градот Пула, кој ќе биде искористен за изградба на сообраќајната инфраструктура до идниот трговски центар на компанијата во градот
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Лидл" му одобри кредит од 2,5 милиони евра на градот Пула, кој ќе биде искористен за изградба на сообраќајната инфраструктура до идниот трговски центар на компанијата во градот.
Станува збор за бескаматен кредит, со рок на отплата од седум години, со грејс-период од една година, чии потписници се „Лидл" - Хрватска и Владата на Република Хрватска.
„Лидл" - Хрватска соопшти дека планира да изгради трговски центар во Пула и дека како компанија се подготвени да ја изградат и градежната инфраструктура што ќе биде потребна за користење на објектот, што опфаќа пристапен пат и приклучок кон кружниот тек кој ќе се гради непосредно до објектот.