
Управата на „Лидл Хрватска“ донесе одлука за зголемување на бруто платите за 4% на своите вработени кои работат во продавниците и складиштата, соопштуваат од компанијата.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
.jpg>)Управата на „Лидл Хрватска" донесе одлука за зголемување на бруто-платите за 4% на своите вработени кои работат во продавниците и складиштата, соопштуваат од компанијата.
Со оваа одлука, зголемување на плата ќе добијат 1.200 работници во вкупно 83 проданици на „Лидл" во цела Хрватска, како и повеќе од 250 вработени во логистичките центри на синџирот.
„Лидл" во Хрватска континуирано добива различни признанија и награди за својата работа, па така, како признание за грижата за своите вработени, во јануари 2013 година, втора година по ред го доби сертификатот „Партнер-работодавач", со што се потврди фактот дека „Лидл" ги задоволува високите стандарди за квалитет на управување со човечките ресурси, велат од „Лидл".