
По нарачка на „Лидл“ – Бугарија, ќе се произведуваат производи направени по уникатен начин, според старите семејни рецепти.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По нарачка на „Лидл" – Бугарија, ќе се произведуваат производи направени по уникатен начин, според старите семејни рецепти.
Тоа е дел од кампањата „Зачувај го родниот вкус" што ќе трае од 25 септември до 22 октомври. Кампањата ја најави Милена Драгиска, извршен директор на „Лидл" – Бугарија, која нагласи дека тоа е продолжение на долгорочната политика на„Лидл" за поддршка на бугарските производи, производители и на традиционалниот вкус.
По регистрирањето на веб-страницата на „Лидл", учесниците во кампањата ќе може да споделуваат рецепти за бугарски традиционални конзервирани производи (туршија, слатко, компот и др.) или за сушени месни деликатеси (луканка, пастрма и др.), задолжително проследени со приказна за семејната историја и спомените поврзани со таа храна.
Професионалните готвачи Иван Манчев и Тањо Шишков ќе патуваат до местата и до луѓето што ги испратиле рецептите и ќе имаат можност да ги пробаат предлозите. Победникот ќе добие награда од 10.000 лева (околу 5.110 евра), а производот според неговиот рецепт, ќе биде изработен од домашен производител до крајот на годинава и ќе се продава во продавниците на синџирот во земјата.