
„Сарајевска пивара“ на пазарот во Босна и Херцеговина пушти нов производ, природна изворска вода - Lejla, чие заштитно лице е популарниот пејач и кантавтор Хари Варешановиќ („Хари Мата Хари“)
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Сарајевска пивара" на пазарот во Босна и Херцеговина пушти нов производ, природна изворска вода - Lejla, чие заштитно лице е популарниот пејач и кантавтор Хари Варешановиќ („Хари Мата Хари").
Како што соопшти компанијата, „Лејла" е чиста, природна, изворска вода, од подземни лежишта на вода на планината Требевиќ, која се црпе од сопствен бунар на „Сарајевска пивара", на длабочина од 297 метри.
По целосното редизајнирање на Sarajevsko pivo и проиширувањето на палетата на пива, дојде време да го модернизираме и сегментот на води што ги полни „Сарајевска пивара", како една од ретките пиварници што имаат сопствен извор на вода, со три бунари, вели Златко Рамиќ, генерален директор на компанијата.
Хари Варешановиќ во 2006 година беше претставник на Босна и Херцеговина на изборот на песна на Евровизија во Атина, каде што ја изведе песната „Лејла" и го освои третото место, што е најдобар пласман на БИХ на „Евросонг".