
„Ледо“, прозводителот на индустриски сладолед и дистрибутер на смрзната храна, ја претстави новата услуга – интернет-продавница за своите деловни корисници.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Ледо", прозводителот на индустриски сладолед и дистрибутер на смрзната храна, ја претстави новата услуга – интернет-продавница за своите деловни корисници.
Од компанијата истакнуваат дека со оваа услуга деловните корисници ќе имаат сеопфатен увид во понудата на „Ледо", поедноставно и побргу ќе нарачуваат производи, а ќе имаат и поголема флексибилност во доставата на производи.
„Ледо" им дава голема важност на деловните корисници. Со тоа континуирано преземаме активности насочени на унапредување на квалитетот на нашите услуги во овој кориснички сегмент и приближување на нашето работење на нивните потреби. Со истражувањето на навиките и на потребите на нашите купувачи од деловниот сегмент, дознавме дека дури 60 отсто од нив сакаат преку интернет да ги купуваат производите на „Ледо". Токму поради тоа отсега нудиме можност за купување преку нашата интернет-продавница, изјави Хрвоје Краљевиќ, претседател на управата „Ледо".