
Компаниите од концернот „Агрокор“, „Ледо“ и „Јамница“, овие денови кога температурите се многу високи, остваруваат историски пораст на продажбата на своите производи.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

Компаниите од концернот „Агрокор", „Ледо" и „Јамница", овие денови кога температурите се многу високи, остваруваат историски пораст на продажбата на своите производи.
Минатата недела „Јамница" оствари вкупна продажба поголема од 18 милиони литри, што претставува најдобра количинска продажба во целата историја на работењето на оваа компанија. „Ледо" оствари нов деловен рекорд од 92.161 испорачани кутии со околу 1,07 милиони парчиња производи Ledo за само еден ден. Вкупно 175-те дистрибутивни возила на „Ледо", за еден ден поминаа 30.000 километри за да испорачаат сладолед и останати производи на повеќе од 4.700 места.
Очекуваме, до крајот на месецот, дека ќе го надминеме бројот од 70 милиони литри испорачани и продадени производи што ќе биде над 30 отсто подобар резултат во споредба со јули минатата година, изјави Ивица Сертиќ, претседател на управата на „Јамница".
Хрвоје Краљевиќ, претседател на управата на „Ледо" изјави: Пазарниот рекорд на „Ледо" остраврен е поради интерното унапредување на ефикасноста при набавка, производство и логистика, дистрибуција, развој и продажба на иновативни производи, проследено со маркетиншка комуникација. На хрватскиот пазар „Ледо", годишно, испорачува околу 18 милиони литри сладолед, од кои 69 отсто во летните месеци.
Летната продажба на вода, сладолед и пијалаци се зголемува за три пати во споредба со зимскиот период. Иако летната сезона е во тек, „Ледо" и „Јамница" во првите три недели од јули остварија најдобри продажни резултати во историјата на нивното работење.