
„Ледо“ повторно ги поместува границите, а овојпат го претстави првиот сладолед на стапче што се витка - Jelly.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Ледо" повторно ги поместува границите, а овојпат го претстави првиот сладолед на стапче што се витка - Jelly.

Новиот забавен член на големото семејство на „Ледо" е иновативниот производ - сладолед со желе-структура кој може да се витка и не капе.
Овој смрзнат ароматизиран десерт се витка поради својот состав, така што веднаш ќе стане омилениот сладолед на најмалите. Единствениот сладолед Jelly содржи исклучиво природни бои и ароми, со освежителен вкус на кола.
Веселиот десерт е примамлив на прв поглед, а за полн ефект на свивање треба да се почека неколку минути, воедно, Jelly не може брзо да се растопи.