
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Хрватската компанија „Ледо“, што работи во составот на концернот „Агрокор“, ја објави понудата за преземање на преостанатите 4,17 отсто од ациите на белградскиот производител на сладолед и замрзната храна, со што ќе стане неговиот единствен сопственик.
Хрватската компанија „Ледо", што работи во составот на концернот „Агрокор", ја објави понудата за преземање на преостанатите 4,17 отсто од ациите на белградскиот производител на сладолед и замрзната храна, со што ќе стане неговиот единствен сопственик.
„Ледо" се обврза дека на останатите акционери на „Фриком" ќе им исплати 17.186 динари по акција.
Да потсетиме, компанијата со трансакција на Белградската берза на почетокот на јануари од Агрокор презема 629.806 акции од „Фриком" за околу 100 милиони евра, со што „Ледо" стекна 95,83 отсто удел во темелниот капитал на претпријатието за сладоледи и замрзната храна.
Кон крајот на минатата година, компанијата од Агрокор ги презема и 100 отсто од уделот на „Ледо" во Подгорица, по купопродажна цена од околу 20 милиони евра.