
„Ледо“ е првиот и единствениот производител и дистрибутер на сладоледи во Хрватска, кој го доби сертификатот халал за дел од својот асортиман.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Ледо" е првиот и единствениот производител и дистрибутер на сладоледи во Хрватска, кој го доби сертификатот халал за дел од својот асортиман.
Сертификатот го прими Тања Диниќ, директорка на службата со управување со квалитетот и со околината, а претседателот на управата Дарио Врабец, изјави: Горди сме што Ledo го направи овој значаен чекор и што нашите сладоледиги задоволуваат халал-стандардите. Имплементацијата на стандардите беше спроведена со максимална посветеност. Со овој сертификат, би сакале нашите производи уште подобро да се пласираат на регионалните и на светските пазари.
Отсега, на амбалажата ќе ја носат ознаката за халал-квалитет следниве сладоледи: Biscottino, Duo, Fruits, Coco, Punč, Snjeguljica, Machovanilijaи Macho čokolada.
Како што соопштуваат од компанијата, имплементацијата на халал-стандардите во „Ледо" траела неколку месеци, за да бидат задоволени сите услови за добивање на сертификатот и притоа, била осигурана целосна следливост на сите халал-суровини од влезот, до крајниот чекор на дистрибуција.
Освен халал, компанијата ги има имплементирано и сертификатите: ISO 9001, ISO 14001, ISO 50001, HACCP, IFS, BRC.