
Сите лебови од компанијата „Дон Дон“ во чие сопствеништво е и брендот Tvojih 5 minuta, во април ќе се продаваат под новиот бренд Naše zrno, соопштуваат од компанијата.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Сите лебови од компанијата „Дон Дон" во чие сопствеништво е и брендот Tvojih 5 minuta, во април ќе се продаваат под новиот бренд Naše zrno, соопштуваат од компанијата.
Причината за ваква деловна одлука е желбата на компанијата новиот бренд Naše zrno да стане синоним за неповторливиот вкус, врвниот квалитет и современиот начин на производство. Висококвалитетната пченица, рачната изработка и можноста за контрола на процесот на производство на лебод од нивата па сè до трпезата се гаранција дека новиот бренд на пазарот ќе донесе единствен вкус на домашен леб што потрошувачите одамна го посакувале, се истакнува во соопштението.
Под новиот бренд дневно ќе се производуваат свежи лебови од категоријата „Домашни лебови", како и специјално пакувани лебови и брашно.