
„Шпар“ - Хрватска го намали уделот на сол во лебот што секојдневно се пече во пекарниците на „Интершпар“, на 1,4%, колку што е препорачано од светските здравствени експерти.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Шпар" - Хрватска го намали уделот на сол во лебот што секојдневно се пече во пекарниците на „Интершпар", на 1,4%, колку што е препорачано од светските здравствени експерти.

Лебот со намален удел на сол од јануари годинава веќе е достапен на полиците на „Шпар" и „Интершпар".
Како што истакнаа од „Шпар", уделот на солта е намален кај 30 видови леб за околу два отсто, на препорачаните 1,4%. Сите состојки остануваат исти, така што во лебот не се додавани адитиви кои ја заменуваат солта.
„Шпар" - Хрватска со измената на рецептурата овозможува промени во прехранбените навики на своите купувачи, изјави Хелмут Фензл, претседател на Управата на „Шпар" - Хрватска.